Новогодишно волшебно доживување во Скопје


Од 25 до 31 декември, под покровителство на градот, спонзорирано од „Македонски телеком“ и од „Те-мобајл“, а во организација на Универзална сала, ќе се одржи новогодишна авантура во паркот „Жена-борец“

На 25-ти декември, со почеток во 12 часот, во паркот Жена Борец  дружењето започнува  со креативна работилница за најмладите каде ќе им бидат обезбедени материјали за цртање на лампиони, за потоа забавата да продолжи со музичкиот настап на хорот „Злата Мегленска“ како и голем број на Ди Џеи и музички групи.nova sk

И во наредните денови случувањата ќе бидат исполенти со многу музика и ќе гравитираат околу паркот Жена Борец каде најмалите ќе можат да се дружат со Златните славејчиња и да ја проследат детската програма во изведба на Театарот за деца и младинци.

Во рамите на случувањата предвиден е и Новогодишен маркет каде ќе бидат поставени 11 дрвени куќички, коишто ќе бидат новогодишно украсени, а од кои ќе можат да се купат или да се пробаат печени колачиња, вина, рачно подготвена чоколада, германски вурст (колбас), топли костени, како и  5 куќарки со декоративни рачно изработени новогодишни украси.

Кулминацијата на настаните ќе се случи на 31 декември со детска претстава и пристигнувањето на Дедо Мраз на плоштадот Пела, а за вечерниот пречек на 2015 година на плоштадот Пела ќе биде поставена бина каде присутните ќе ги забавуваат Дани, Маја Панчева, Ерик и Симона, Есма, Сузана Спасовска, Наум Петревски, Мустафа Имери, Даниел Кајмаковски и Куку леле, а Новата 2015 година ќе ја дочекаат со песните на Елена Ристевска.

Flyer A5 V5 ALB5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1