За две години ќе се прави Македонско „Марлборо“


Преставници на „Филип Морис“ деновиве почнале да го скенираат Тутунски комбинат Прилеп, за да увидат во каква состојба е комбинатот, информира генералниот директор на Тутунски комбинат-Прилеп, Александар Дерменџиев, јавува Емагазин.

marlboro-cigarettesДерменџиев вели дека десетгодишното стратешко партнерство со тутунскиот гигант „Филип Морис“ ќе помогне Тутунски комбинат да излезе од долгогодишната лоша економска состојба и очекува веќе во 2015 година да започне со профитабилно работење.

Дерменџиев најавува и дека веќе во 2015 година се очекува да излезе и првото „Марлборо“ произведено во комбинатот.

Пред еден месец „Филип Морис„ склучи договор за стратешко партнерство со Тутунскиот комбинат Прилеп.

Комбинатот, кој е во државна сопственост секоја година работи со загуби. Обидите да се продаде почнаа во септември минатата година.

Компанијата „Филип Морис“ е присутна и во соседството. Пред десет години ја купи тутунската индустрија НИШ од Србија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1