За главата на снајперистот кој ја уби Белата вдовица понудени милион долари


Саманта Лутвајт, попозната како Белата вдовица, која се борела во Украина на страната на провладините групи е убиена од страна на руски снајперист.

Веста на московската агенција Регнум, дека Британката Саманта Лутвајт (30), попозната како Белата вдовица, е убиена пред две недели во конфликтот во Украина каде се борела со провладините сили, ја проверуваат западните разузнавачки агенции.

bela-vdovica

– Една од најбараните терористки во светот, Саманта Лутвајт,која се борела како дел од Украински батаљон е убиена од руски снајперист. Според нашите информации, Белата Вдовица во украинскиот батаљон била снајперист. Украинските специјални служби поставија цена од околу милион долари за главата на рускиот снајперист кој ја уби британската терористка, објави агнецијата Регнум.

Московската агенција истотака објавила дека украинските специјални служби понудиле награда од милион долари за главата на рускиот снајперист!

Лутвајт, беше сопруга на бомбашот самоубиец Џермејн Линдзи поради што и се преобрати кон ислам.

Откако беше поврзана со завера за кревање во воздух на хотели и шопинг центар во Момбаса, Кенија, во 2011, таа била во бегство.

Се претпоставува дека таа, инаку мајка на 4 деца, била командант на терористичката организација Ал Шабаб.

Ал Шабаб стои зад нападот во молот во Најроби во кој загинаа 67 лица во септември лани, по што Интерпол ја прогласи за најбарана терористка на светот.

Според експертите, за да се поверува дека таа е убиена, треба прво да се пронајде трага , односно дали навистина таа се придружила на радикалните исламисти во Украина кои се борат против Русија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1