За хонорарите на јавните функционери нема да се плаќаат придонеси?!


Наплатата на придонеси од договори на дело и авторски договори не важи за примањата на професионалните спортисти, пратениците, советниците, јавните функционери, стипендистите, судиите, поротниците, вештаците, стечајните управници, волонтерите, пензионерите и за договорите за јавна работа коишто ги склучуваат општините, објави Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН повикувајќи се на документ што го добиле од Министерството за труд.pari mito zema

Бизнис заедницата посочила дека воопшто не е запозната со вакво решение.

– Тоа не беше спомнато кога ги дискутиравме измените на законите на седница на Економско-социјалниот сове. Во секој случај, тоа не е поволно решение. Сите треба да бидеме еднакви пред Законот – изјави за БИРН Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавачи на Македонија.

Сличен е ставот и на Горан Рафајловски од скопската регионалната стопанска комора .

– Законот треба да важи исто за сите, ако некој се изземе, тоа значи дека останатите се ставаат во подредена положба – рече Рафајловски.

БИРН пресметал дека од први јануари, на сметка на државата ќе одат најмалку 35 проценти од секој хонорар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1