За Кочан 6 години затвор, за Авировиќ 3. Во буџетот ќе мора да се вратат 17,3 милиони евра


Првообвинетиот во овој случај, Сеад Кочан доби шестгодишна затворска казна за кривично дело “Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. Обвинетиот Василије Авировиќ, кој од здравствени причини не присуствуваше на изрекувањето на пресудата, за истото кривично дело е осуден на 3 години затвор.

Третоосомничениот во случајот, Сафет Ватиќ е ослободен од нива, односно, делото за кое се товареше, според законот не претставува кривично дело.

Братот на Сафет, Мујо Ватиќ, рече дека нивната компанија Вато била соработник на фирмата Силекс Неметали СТ и вршеле дејност без знаење дека прават економски криминал.

Судијката Зимбовска одлучи да биде конфискуван движен и недвижиен имот, во вредност од 17,3 милиони евра, пари кои ќе мора да се вратат во државниот буџет. Всушност, толку изнесува и сумата на тендерот за кој приложиле фалсификувани документи.

Воедно компаниите „Силекс“ и “Трансмет“, кои се одговорни за кривичното дело, во рок од 30 дена треба да платат казна по 2 милиони денари.

Кочан воедно доби забрана за вршење дејност -менаџер, во следните три години, а на Авировиќ му се забранува вршење на дејноста или потпишување на договор за јавна набавка.

За овој предмет, од ноември минатата година, се одржале 20 рочишта. Во завршните зборови тројцата пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат. Според пресудата на СЈО, осомничените формирале конзорциум и со лажни документи во 2011 година добиле тендер за ископување јаглен во РЕК Битола во вредност од 17,3 милиони евра. За овој случај има и пруслушувани материјали кои го објавуваше СДСМ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1