За „крвавиот четврток“ ќе одговараат 70 началници


Вкупно 11 полицајци вработени во Шестата управа во петокот добија отказ поради тоа што не постапувале професионално за време на „крвавиот четврток“ на 27 април во Собранието, а како што потврдија од Министерството за внатрешни работи, дисциплински постапки се водат против вкупно 70 старешини и се суспендирани 31 полицаец, затоа што како службени лица не одговориле на уставните и законските обврски, па на тој начин станале соучесници на тогашниот директор за јавна безбедност Митко Чавков.

Како што велат од МВР, овие дисциплински постапки не значат дефинитивна казна за тие што го прекршиле Кривичниот законик, бидејќи ова се постапки во делот за работни односи.

Отказ добиле и шефовите на обезбедувањето на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, како и шефовите на собраниското обезбедување.

Како што велат од Министерството за внатрешни работи, сè уште не е затворена листата на полицајци што наскоро ќе добијат казни и отпуштања од работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1