За македонскиот ајвар надалеку се слуша


Еден од најпознатите брендови со кој може да се пофали нашата земја, секако е македонскиот ајвар. Не е само обичен производ, туку дел од нашата традиција и култура, а странските туристи кои доаѓаат во Македонија се воодушевени од овој специјалитет, пишува Лидер.

“Неколку пати му подарив ајвар на еден многу добар пријател од Мексико. Тој доаѓаше во Македонија службено. Едноставно беше воодушевен од нашиот македонски специјалитет. Ми кажа дека првиот пат ајварот го пробале неговите родители, пријатели и другари и сите едноставно биле водушевени од вкусот. Го прашале “Што е ова што е толку вкусно“. Следниот пат кога тој повторно дојде во Македонија, го прашав дали сака ајвар. Ми одговори секако со задоволство би сакал“ ни раскажа една соговоричка.

ajvar1Дека странските туристи го бараат сведочат и изјавите од продавниците специјализирани за продажба на ајвар.

Од компанијата Ди- Ем за Лидер велат дека продажбата на ајварот оди одлично, а во последно време се почесто купуваат странци.

“ Во изминативе години расте продажбата. Но интересно е тоа што освен нашите потрошувачи, ајварот го купуваат и странски туристи. Цената на една тегла ајвар е 145 денари, но ако се купат повеќе тегли има попуст и се фача околу 130 денари за тегла ајвар“ изјави за Лидер продавачка во Ди ЕМ.

Освен продажбата на домашниот пазар, ајварот се повеќе се бара и на странските пазари

Податоците на македонската асоцијација на преработувачи покажуваат константно зголемување на извозот. Според податоците од оваа организација во последните пет години извозот на овој познат македонски бренд е зголемен дури за 67,6% . Ајварот најмногу се пласира на европските пазари и земјите од регионот.ajvar2-630x472

Септември- месец на ајвар и зимници

Ајвар, малиџано, туршија и по некоја тегла слатко или компот. Септември е месец кога семејствата расмислуваат што вкусно да подготват оваа сезона. Секако на прво место е ајварот- најшиот најомилен специјалитет. На зелените пазари почнаа да се продаваат и првите црвени пиперки за ајвар. Дел од граѓаните кои ги анкетираше Лидер велат дека уживаат во процесот на приготвување зимница, а како и секоја , така и оваа година, подготовката на ајвар е во прв план.

“Ние си правиме ајвар од наш пипер. Двајца сме и си правиме само за нас“ изјави домаќинка.

“Правевме ајвар кога бев млад, сега сме стари. Јас јадам многу ајвар ама да има кој да ми го направи“ изјави граѓанин.

“И оваа година ќе купиме пиперки. Ние правиме секоја година, сега уште е рано , но планираме да купиме пипер. Живееме во куќа, ајварот го правиме во двор и немаме проблеми. Поради тоа што имам двајца синови , правиме за три фамилии, значи по 20 килограми ајвар за секоја куќа, значи вкупно 60 килограми ајвар“ изјави граѓанин.

“Планираме да правиме. Во куќа живееме и нема проблем. Нешто за децата ќе направиме, нешто за нас“ изјави граѓанин.

“Правиме понекогаш. Всушност постарите прават, а ние помладите помагаме “ изјави женаajvar.8122

Дел од граѓаните пак велат дека поради недостаток на време или пари поретко прават зимици. За некои семејства проблем претставува и живеењето во стан, затоа што поставување ќумбиња на отворено и палење огин на јавна повшина е казниво дело согласно Законот за јавна чистота.

“Скапо, тешко дека ќе правам. Правев порано, ама сега се помалку и помалку“ изјави домаќинка.
“ Не правам. Не е многу скапо во продавница, не го јадеме многу, па купуваме готов ајвар“ изјави жена.

Моменталната цена на килограм црвена пиперка е од 35 до 40 денари

“Моментално пиперот е се уште скап. Црвениот пипер се продава од 35 до 40 денари за килогрем. Сега почнуваме да продаваме, луѓе прашуваат , но сега за сега ретко купуваат. Се чека да се намали цената на пиперот “ изјави продавач на зелен пазар.

Од 100 килограми пиперки се добиват во просек 40 тегли ајвар, а за нив се трошат најмалку 4 килограми зејтин. Ако се направат пресметки само за ајвар едно семјество треба да потроши над 3000 денари. Доколку се земат во предвид и трошоците за лутеница, туршија , малиџано , слатко, едно семејство треба да одвои помалку од една просечна плата за подготовка на разно разни зимници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1