За малку избегнат судир над македонското небо. Според информациите на ТВ НОВА, на 12 август се случил инцидент кој, можел да ја загрози безбедноста во авиосообраќајот. Извори од македонската навигација велат дека два авиони се разминале на многу блиско растојание, инцидентот не бил пријавен од надлежен контролор и поминал без казни за вработените во Македонската навигација.
Станува збор за авион на компанијата Рајанер кој сообраќал на релацијата Братислава – Атина и авион на нискобуџетната Изиџет кој прелетувал над македонското небо одејќи на релација Кос – Милано.
Како што дознаваме, 3 дена подоцна, на 15 август, новото раководство во македонската навигација го повикало контролорот да се изготви извештај со кој би ја информирале агенцијата за воздухопловство.
Побаравме став од оваа агенција. Од таму велат дека нема простор за паника. Ни потврдија дека имало доближување на двата авиони но не на оддалеченост која би можела да предизвика несреќа. Настанот бил евидентиран и пријавен од надлежниот контролор.
За случајот, побаравме објаснување и од македонската навигација, но до завршувањето на прилогот не добиlе одговор.
TvNova.mk