Пожарот кој вчера избувна во зградата број 3 на улица Емин Дураку во Чаир згаснат без повредени и некоја материјална штета, но огромна драма и паника. Петкатната зграда во населбата е позната по тоа што е полна со бебиња, ги има десетина, од кои најмалото е старо само еден месец, пишува Република.
Трагедијата е избегната поради брзата интервенција на противпожарната бригада, која ја повикал станарот кој се обидел сам да го изгасне огнот, но поради не знаење само го распалил.
Од повеќе прозорци се слушале пискотници на престрашените мајки, кои со своите деца бегале на балконите за да се спасат од задушување. Некои станари кои беа поприсебни им фрлаат на жените шишиња со вода. Повеќето од нив не можеа да ја напуштат зградата поради густиот дим.
Драмата траела околу 45 минути. Лекарите кои дојдоа заедно со пожарникарите прво му помогнаа на едномесечното бебе. Никој не знаеше колку чад се надишало, но се чинеше дека е добро. Од маската дишеа и другите дечиња. Неверојатна среќа, се чинеше дека никој не се надишал чад за да мора да се преземаат дополнителни медицински мерки.