Шест руски борбени авиони MIG 35, во петокот влегле во “иденфикационата зона на воздушната одбрана” на САД. Во близина на Алјаска ги пресретнале американски и канадски борбени авиони, соопштиле американски официјални лица.
Иако руски авиони и претходно влегувале во оваа област, ова е “прв пат за долго време” борбени авиони да влезат повторно овде, изјавил за AFP неименуван официјален претставник. Руските авиони ја напуштија зоната без инциденти.
Да се потсетиме, и Шведска вчера протестирала за Русија поради влегувањето на два руски воени авиони во воздушниот простор на оваа земја, соопштило Шведското министерство за надворешни работи.