За овој херој никој не зборува: Се фрлил на бомбашот самоубиец – спречил поголем масакр


Храбриот маж од Либан се фрлил над бомбашот и ја активирал експлозивната направа пред терористот да дојде до масата луѓе.

Бомбашкиот напад во Бејрут се случил еден ден пред трагедијата во Париз, и во две одвоени експлозии на двајца бомбаши самоубијци од ИСИС, загинале најмалку 37 лица, а повеќе од 200 биле ранети. Ќе имало многу повеќе жртви доколку не бил Адел Термос.adel-heroj-liban-03

Тој се нашол на местото на првиот напад, пред џамијата во најраздвижената улица во бејрутското предградие Шија, кое го контролира Хезболах, и реагирал инстинктивно. Го забележал бомбашот, се фрлил на него, и ја активирал бомбата прекривајќи ја со своето тело.

Доколку не го направел тоа, бомбашот ќе успеел да дојде до масата луѓе и би загинале повеќе лица. Затоа сега го слават во неговото село Талус, каде на погребот се собрале неколку стотици луѓе. Додека другите го слават неговото дело, неговата ќерка, синот и сопругата тагуваат. Сепак, тагуваат со гордост во срцето, бидејќи светот го запознал Адел каков што и тие го познавале.Screenshot_168

Можеби ова јуначко дело ќе помогне светот да обрати повеќе внимание за проблемите во Либан, каде моментално се наоѓаат милиони сириски бегалци, и каде во последните 30 месеци биле изведени 18 бомбашки, односно терористички напади.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1