Марина Туцаковиќ е најдобриот текстописец во регионот, но сумата која ја доби за само еден стих ги надминува границите на научната фантастика.
Станува збор за песната која Неда Украден ја отпеа во осумдесеттите, „Зора је“. Пејачката Неда Украден раскажа како нејзиниот голем хит на Марина Туцаковиќ и донесе преку 100.000 евра.
– Песната ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ и ние двајца неколку пати се скаравме околу самиот наслов на песната. Прво ја нарековме „Јоване, зора је“, па „Милане, зора је“. Последната и конечна верзија беше и остана „Зора је“. На крајот ја викнав Марина Туцаковиќ која напиша само еден стих, и тоа „Суза је из ока канула“. Неа тој стих до сега и донесе преку 100 илјади евра! – рече Неда.