За пет месеци, петти случај на маларија – Тетовчанец во карантин


Дваесет и четири годишен тетовчанец со маларија е хоспитализиран во карантинската соба на Инфективна клиника. Болеста ја донел од Мали каде работел неколку месеци. Првите симптоми ги добил во Тетово каде побарал помош на инфективното одделение. По прегледот веднаш бил препратен за Скопје каде му ја дијагностицирале најтешката форма на маларија. Здравствената состојба му е подобрена со земање на неопходната терапија. Во епидемиолошката анкета тетовчанецот кажал дека воопшто не пиел антималарици пред да замине на афричкиот континент. Епидемиолозите го вклучија алармот. За 5 месеци 5-мина заразени со ова тропско заболување што го пренесуваат комарци од кои еден е веќе починат.komarec_kasnuvanje

– Ако порано сме имале по 3 или четири на годишно нивно, сега имаме 5 случаи за 5 месеци. овие петмина никој не примал антималарична терапија а патувале односно работеле во Сиера Леоне, Ангола, Мали и ЈАР. Ова е опасно заболување кое може да направи сериозни компликации па дури и смртни исходи, вели епидемиологот Жарко Караџовски од Институт за јавно здравје

Петмината заболени оваа година се млади на возраст од 21 до 35 години. Според податоците од епидемиолошките анкети, Скопје, Тетово, Гостивар и порано Куманово се градовите од каде доаѓаат заразените со маларија, кои претходно биле на привремена работа во некоја афричка земја. Епидемиолозите со апел до сите кои патуваат во ризични региони – Да бидат внимателни и подготвени за болестите кои ги демнат.

– Им укажуваме, односно, еве апелирам, сите кои одат во некоја афричка земја мора да земаат профилакса односно антималарична терепија, пред за време на престојоти по враќањето назад. Македонија е земја која 40 години е чиста од маларија, но сега за кратко време имаме 5 случаи, кои за среќа се импортирани, вели Караџовски

Лани во светски рамки биле регистрирани над 200 милиони на нови случаи а околу 400 000 луѓе умреле од маларија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1