Сопствениците на автомобили во Австрија ќе бидат казнети ако ги остават автомобилите на улица со стартуван мотор додека ги чистат од снег и мраз. Санкцијата доаѓа откако локалните еколози инсистирале дека ваквите постапки предизвикуваат сериозна штета на животната средина.
Според податоците на изданието Kronen Zeitung, кој цитира соопштение на Австрискиот автомобилски клуб (ÖAMTC), ако возачот не го исклучи моторот додека го чисти својот автомобил од снег, тој ќе мора да плати казна од импресивни 5000 евра. Забраната е веќе во сила.
„Работата во лер на погонскиот агрегат во автомобилите е сериозно штетна за животната околина, а бучавата од нив им пречи на останатите граѓани“, се вели во одлуката на властите. Издадена е и наредба до сите сопственици на места за паркирање, да постават табли со натпис „Изгаснете го моторот“!
Австриските власти очигледно немаат баш и некакви чувства кон возачите во земјата, откако предходно го забранија користењето на видео регистратори во автомобилите со образложение дека уредите ја нарушуваат приватноста на сите оние кои ќе бидат снимени. При првото прекршување на оваа забрана, казната е 10.000 евра, а при повторна употреба на видео регистратор истата е драстично повисока – 25.000 евра.