За помошта од 6.000 денари поднесени 70.000 приговори, парите може да се трошат и во кеш


Шесте илјади денари за купување домашни производи Владата веќе ги префрли во банките, а тие на трансакциските сметки на граѓаните.

Овие пари, како што беше неодамна најавено, можат да се користат неограничено, без краен рок. Овој пат средствата нема да бидат на платежни картички каде што потрошувачката ќе биде ограничена само македонски производи, туку граѓаните ќе можат да си купат што сакаат, а доколку сакаат може да си ги подигнат и во кеш.

Имајќи во предвид дека рокот е многу краток за тие средства да ги добиваат на платежни картички, како што беше во минатото, овој пат одлучивме директно да ги трансферираме средствата на нивните жиро-сметки, се со цел да ја поттикнеме потрошувачката во нашата држава.- Крешник Бектеши – Министер за Економија

Поголемиот дел од граѓаните се запознати дека немаат ограничувања за трошење на парите, додека пак некои се уште сметаат дека тие се наменети за домашни производи.

Сепак многумина од граѓаните тврдат дека иако ги исполнуваат условите за добивање на парите, не се нашле на списокот, додека пак системот за испраќање на преговори не функционира комплетно. Од генералниот сектраријат информираа дека активно се разгледуваат приговорите…

Во овој пакет мерки опфатени се околу 280.000 приматели, а по 6000 денари ќе добијат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000, корисници на социјална помош, деца без родители, уметници и останати дејци во културата.

6000те илјади денари првично требаше да поттикнат потрошувачка на домашното производство, но со новите измени тие ќе бидат наменети за лична потрошувачка. Што значи наместо да се зголеми производството на домашните фабрики, целта ќе биде зголемената куповна моќ на граѓаните.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1