И натаму за одредени снимања, прегледи и операции во Скопје се чека до 100 и повеќе денови. А кој не сака да чека 3 месеци за да се прегледа или да се сними, како алтернатива му се нуди можноста да отпатува во еден од градовите во државата, каде што ќе се најде прв слободен термин. Итните случаи, секако, не влегуваат во овие листи на чекање, пишува Утрински весник .
Од дијагностичките постапки најтешко за закажување е преглед на магнетна резонанца. Прв слободен термин за ова снимање и тоа најрано за 47 дена има во клиничката болница Тетово. Ништо подобро не е состојбата ни со колоноскопијата или снимање дебело црево со сонда, за ова испитување во Скопје треба да се чека 118 дена. На ова снимање најчесто се испраќаат луѓе на кои треба да им се утврди дали имаат карцином или не.
Мамографија или снимање на дојките во Скопје може да се направи за 4 дена и тоа во поликлиниката во Букурешт или во Ѓорче Петров. Додека на Клиниката за радиологија, поликлиниките „Чаир“ и „Железничар“, нема термин за следните три и повеќе месеци.
За ехо на срце првиот слободен преглед во Скопје е за 50 дена, или, истиот ден пациентот може да се прегледа, но ако појде до Охрид.
И за преглед кај психијатар нема слободен термин за наредните три и повеќе месеци. Слично е состојбата и за преглед на пример на тироидна жлезда, во Скопје нема место за преглед за наредните 100 и повеќе дена, додека во Битола може да се закаже за 42 дена.
Повеќе на – Утрински весник