За прв пат во Скопје (ФОТО)


pateka slepi

foto – skopjeinfo

Министерството за труд и социјална политика ги гради двете дактилни патеки за слепи лица од кои едната ќе биде на потегот од Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ до плоштадот Македонија, а другата од Зоолошката градина, преку тениските терени, до фонтаната „Лотосов цвет“.

Од надлежното министерство не откриваат која е фирмата што ги изведува работите. Единствено што одговорија дека се работи за македонска компанија избрана на јавна набавка. Двете патеки, според Министерството, ќе бидат готови до крајот на неделава, зависно од временските услови.

Освен во Скопје, Министерството за труд и социјална политика годинава има план да гради вакви дактилни патеки за слепи лица во Битола и во Охрид.

Скопје Инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1