За првпат ќе се изнурка целото Охридско езеро


Интернационалниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски – Мичо, од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, овој викенд, заедно со „Пелистерка“, започнува авантура во која тој со тим нуркачи, ќе го изнурка Охридското езеро во целата негова должина во текот на наредните три месеци.nurkaci

Ова е првпат ваков историски зафат да биде изведен во Европа. Секулоски и неговиот тим ќе го пренуркаат најголемото езеро во земјава (како од неговата македонска, така и од албанската страна) на длабочина од пет до 15 метри во должина од 80 километри и 322 метри.

„Ова е вистински подвиг кој освен што ќе биде прв од ваков вид во Европа и пошироко, ќе придонесе на многу полиња во етаблирањето на Охридското езеро како културно и археолошко богатство на Македонија“ – изјави Секуловски.

Има низа причини за реализација на овој проект во Охридското езеро: да се осознае повеќе за живиот свет, да се откријат нови археолошки локалитети и предмети што претставуваат културно наследство, да се даде потполна слика за состојбата на оваа водена површина од еколошки аспект, но и да се претстават убавините на ова езеро како неодминлив дел за развојот на туризам.

Секулоски е носител на највисоката категорија во светот на нуркањето, со искуство од 30 години и реализирани над 8.000 нуркања. Целата авантура е спонзорирана од „Пелистерка“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1