Расте бројот на косовските граѓани кои посакуваат да ја напуштат земјата и да се откажат од косовското државјанство.
– Само во првиот квартал од годинава 847 граѓани доставиле барања до секторот за државјансто со кое бараат да бидат избришани од регистарот на косовски државјаи. На 16 од нив им е одбиено барањето, во очекување се 55 додека останатите повеќе не се косовски државјани, пишува весникот „Флаја“.
Држава со која тие најчесто го заменуваат Косово е Германија. Од вкупниот број барања 728 се на Косовци кои сега живеат во оваа земја,по што доаѓа Австрија со 58 барања.
– Тешката економска состојба и немањето перспектива во Косово и благосостојбата која ја добиваат во некоја западно европска земја, се главните причини кои условуваат Косовците да ја напуштат земјата. Просечните месечни приходи во Косово се 350 евра додека во западно европските земји најнискиот просек изнеува 1.500 евра, смета познатиот социолог Ферди Камбери.
Статистиката на Министертвото за внатрешни работи потврдува дека во последните седум години од косовското државјанство се откажале околу 32 илјади лица.