Зашто всушност судот го казни новинарот Кежаровски. Според обвинението Кежаровски се терети дека спротивно на закон, заедно со надлежниот судија, во списанието Репортер 92 го откриле идентитетот на сведок во случајот “Ореше” кој подоцна бил ставен во програма за заштита на сведоци и покрај тоа што биле должни информациите да ги тертираат како класифицирани.
Судот го терети новинарот и дека во својот текст во списанието Репортер повеќе наврати го објавувал името на заштитениот сведок со псевдоним Бреза и дава и други информации со кои јасно го оцртувал ликот на сведокот со кој го доведувал во опасност неговиот живот од страна на лица кои сакале да му го загрозат. ги наведувал и првите неколку бројки од неговиот телефонски број со што дополнително го демаскирал и го направил по достапен за напади од осомничените. Во свој текст новинарот и го открива името за заштитениот сведок.
По ова, според записниците од судот, сведокот Бреза сфатил дека е откриен и се пожалил дека животот му бил ставен во опасност.
За овие дела судот го прогласи новинарот Кежаровски за виновен и го осуди на 4,5 години затвор.
Нет прес