За што се може да го искористите сапунот


Сапунот може да биде корисен и за нешто повеќе од само миење на рацете. Еве неколку идеи за тоа како може да се искористи.

sapun_1361887960_420x0

1 Садовите
Црните дамки што остануваат на тавата или тенџерињата по готвењето, понекогаш е многу тешко да се отстранат. Доколку имате тава од леано железо, пред да почнете да готвите, намачкајте ја со сапун од надворешната страна. Тоа би требало да ги спречи црните дамки од пламенот.
2 За мирис во автомобилот
Ако не ви се допаѓаат класичните освежувачи за автомобили, може да ставите парче сапун во мала торба за огледалото.
3 Означување на рабовите на облеката
Доколку сте сам свој мајстор за шиењето на облека или скратување на ракавите, а немате професионално пенкало за цртање по ткаенината, пробајте со парче сапун.
4 Освежувач за облеката
За облеката, која во моментот ја користите или при пакувањето на истата, сапунот е идеално решение за освежувач. Изберете сапун со вашиот омилен мирис и ставете ја во чанта или торба.
5 Проблемот со патентот
Доколку имате проблем со патентот и на половина пат ви е заглавен, или пак не можете да го затворите шлицот на вашите панталони, обидете се со триење со сапуб за да се раздвојат забците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1