Тој нечовек уби двајца, а жената ја остави инвалид. Од затвор ќе искочи за година дена и ќе продолжи таму каде што застана. И се тоа поради таа срамна одлука на македонското обвинителство. Тоа е срам за нивната држава, вели за српски Курир го изјави Алекандар Маринковиќ, брат на Никола Маринковиќ (24) и чичко на осомесечниот Андрија кои на 28 јули годинава загинаа во тешката сообраќајна несреќа кај Демир Капија. Во нивното возило со својот „форд“ удри 21-годишниот Рајко Радојковиќ од Ниш.
Радојковиќ се спогодил со македонското обвинителство три месеци по сообраќајката и ќе одлежи 22 месеци во затвор. Семејството Маринковиќ нема право на жалба на оваа одлука.
– Тоа е тажна реалност со која мораме некако да се избориме. Се обидувавме судењето да го префрлиме во Србија, бидејќи сите учесници се српски државјани, но Македонците тоа не го дозволија. Баравме уште едно сообраќајно вештачење но ни тоа не ги го дозволија. Верувам дека таткото на Радојковиќ успеал да влјае да и издејствува ваква казна – вели Александар Маринковиќ