За тропање на врата казна – агент продавач досаѓал по куќи – казнет е 60.000 долари


Во Австралија еден трговски патник , одејќи од врата до врата на заинтересираните им нудел договори за приклучување на гас. И ништо од тоа не би било необично , додека не бил казнет со 60 000 австралиски долари.

А сето тоа се случило бидејќи го игнорорал натписот на влезната врата на еден дом – „Не тропај.‘‘

4755-knocking-on-door-564x272Како што пренесуваат и пишуваат локалните медиуми , казната иако му е изречена на трговецот , сумата треба да ја плати компанијата за која работи.

Судот и одредил на фирмата за дистрибуција на гас АГЛ и на маркетиншката фирма ЦПМ да платат отштета од 60 ооо австралиски долари (околу 39 000 евра).

„Знакот бил закачен на вратата и на него  имало слика со тупаница  која удира во врата и натпис – Не тропај. Трговските патници овде не се добредојдени‘‘- се истакнува во образложението на судот и на тоа додавајки – „Трговскиот патник сепак тропнал на вратата на потрошувачот и пробал со него да направи договор.‘‘

Овие казни имаат за цел да го спречат ова однесување на  трговските  патници во иднина – објаснил судијата Џон Мидлтон во своето судско образложение.

Фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1