Еве што мора да исклучите дома кога грми


УХМР најавија дека денеска и деновиве ќе има силно невреме, со дожд, град, ветер и грмотевици. Познато е меѓу народот дека кога грми треба да изгаснеме се дома, за да не удри гром, но дали е тоа точно и што треба, а што не треба да исклучиме?

Во Европа, а и кај нас, стандарден напон е 220 волти, а ударот на громот може да ослободи напон од неколку милиони волти. Што значи тоа? Тоа значи дека удар на гром во вашата куќа или во близината, ќе ве остави без електронски апарати кои не можат да ја издржат таа волтажа.

Единствен начин да го спречите тоа е да исклучите се од струја кога грми. И уште една многу важна работа, кога грми ако снема струја, никако не ги уклучувајте уредите веднаш кога ќе се врати. Почекајте неколку минути за да се стабилилизира, па уклучете ги апаратите.

Имено, познато е дека ударите од гром и честите снемувања на струја може да направат проблем, или целосно да ги исклучат електронските уреди.Напонот на струја кој „поминува“ низ куќата е секогаш константен. Некогаш ако тој падне одеднаш или скокне одеднаш, со тоа најмногу трпат електронските уреди.Со самото снемување на струја може да се предизвикаат проблеми на хард дискот доколку во тој момент се запишуваат важни фајлови за оперативниот систем, но самиот хардвер нема да доживее никаква штета.Но, брзите скокови на напонот се главнен виновник за физичките дефекти на електронските уреди.Па така стандардниот напон на струја е 220 волти, а ударот од гром може да ослободи напон од дури неколку милиони волти, што значи дека постои можност ударот да „спржи“ некои од уредите кои во тој момент е уклучен.

Електронските уреди не може да издржат волку висок напон. А потоа уредот не е можно да се поправи. Па така единствена заштита е да ги исклучите сите уреди додека грми.

Сепак, за едно нешто не грижете се, громот нема влијание на мобилните уреди, па можете да зборувате на мобилен без страв.

– Ако сте на отворено, никако не легнувајте на земја. Подобро е да клекнете со главата меѓу колената, во оваа позиција избегнувајте косата да допира до земја.

– Никако не користете телефон, без разлика дали е фиксен или мобилен. Мобилниот задолжително исклучете го, особено ако не сте во затворена просторија. Сетете се дека и фиксниот телефон користи електрична енергија.

– Никако не застанувајте под дрво, особено не под осамено!

– Ако сте дома и гледате дека се подготвува невреме, затворете ги вратите и прозорците, исклучете ги електричните апарати

– Не се туширајте, избегнувајте било каков извор на вода.

– Ако сте во автомобил, затворете ги прозорците и никако не излегувајте, почекајте да заврши бурата

– Со рацете покријте ги ушите, за да ги заштитите ушните тапанчиња

– Никако немојте да поправате оштетени делови од куќата

– Заштитете се од уличните поплави

– Избегнувајте да користите метални предмети

– Доколку сте на риболов, веднаш оставете ја јадицата, и што побрзо излезете од чамецот.

– Избегнувајте оштетени столбови, бандери, далеководи, трафостаници и други објекти кој служат за пренос на електрична енергија. Никако не допирајте кабли или било какви метални или бакарни жици кои се оштетени.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1