За Велигден амнестирајте го Љубе Бошковски


Ljubo-Boskovski-pritvoren-u-Skoplju_ca_large„Соберете сила и за Велигден, амнестирајте го братот Љубе Бошкоски, кој според мене невин гние во затворот во Идризово. Не сакам да ја толкувам судската пресуда, дали е правна или пак политичка, но затоа Вие, како шеф на државата, татко на нацијата, во Ваша надлежност е недоследностите и грешките на правниот систем да ги согледате, исправите и правилно да реагирате“, му напиша Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, на претседателот Иванов.

„Терористите кои ги напаѓаа нашите легитимни одбранбени сили, полицијата и војската, малтретираа македонско население, нив македонскиот парламент ги амнестираше. Дали е ова голема неправда?“, напиша Јаковлевски и додаде дека со ваквиот потег ќе се стави крај на раздорот меѓу Македонците, и ќе се заборави синдромот на самоуништување.

Ова е втор апел до Иванов за амнестија на Бошковски. Претхопдно Стојанче Ангелов, претседателот на партијата на бранителите Достоинство побара по ослободувањето на Јохан Тарчуловски да биде ослободен и Бошковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1