За велигденските празници 24 часовна здравствена заштита во дежурните ноќни пунктови на Здравствен дом Скопје


Во текот на престојните празнични денови службите на Здравствен дом Скопје ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во поликлиниките Идадија, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари, Драчево и Букурешт, информираат од Здравствен дом Скопје.

Нагласуваат дека саботното дежурство на 7 април на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од 8:00 до 16:00 часот и 24 часовна покриеност од Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување.

Од Здравствен дом Скопје им препорачуват на граѓаните поради изминатиот период на постење да внимааат со внесување на храна од животинско потекло и консумација на алкохол поради здравствени и безбедносни причини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1