Комисијата за заразни болести предлага карантин за претстојниот празничен викенд, кој ќе почнува од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот наутро, изјави Министерот за здравство.
Филипче вели дека оваа мерка е предложена бидејќи најголем број од последните случаи се поради семејни собири.
Побара институциите ревносно да работат и да има поголема контрола за оние кои не го почитуваат полицискиот час.
За угостителските објекти вели дека ќе почнат со работа по празниците, но за тоа ќе одлучува Комисијата во петок.