За Водици бесплатно паркирање во Охрид, но и посебен режим на сообраќај


За големиот христијански празник Богојавление – Водици, на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ паркирањето на сите возилата ќе биде бесплатно. На овај начин јавното претпријатие се приклучува кој прославата на овај голем христијански празник.parking_310x186

СВР Охрид предходно соопшти дека со цел безбедно одвивање на манифестацијата на 19-ти јануари, Водици, за сообраќај ќе биде затворен булеварот „Македонски просветители“ од пресекот со улицата „Партизанска“ кон кеј „Македонија“ додека сообраќајот на булеварот „Македонски просветители“ целосно ќе се пренасочи кон улицата „Партизанска“. Од 7 часот ќе се врши физичко регулирање на овие сообраќајници но и на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај црквата „Св.Недела“ кај селото Коњско и на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Оровник.

На улиците „ Коста Абраш“, „ Цар Самоил“ и кеј „Македонија“ е предвидено поставување на возилата со приоритет како и шатори од Црвениот крст со неопходната опрема.

По повод верскиот празник Богојавление-Водици, полициски службеници ќе вршат обезбедување на манифестациите и во охридските приградски населби но и во останатите градови на подрачјето на СВР Охрид каде се прославува верскиот празник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1