За Заев референдумот бил успешен: ВМРО-ДПМНЕ да ја почитува волјата на граѓаните, ако не избори веднаш


Премиерот Зоран Заев вечерва на прес-конференција изјави дека гласот даден на референдумот е конечен, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Тој им честиташе на сите кои излегле на референдумот за да гласаат.

„Се надевам дека повеќето граѓани ја избрале европска Македонија. За неколку часа ќе почекаме, ќе ги видиме резултатите“ – рече Заев.

Тој очекува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат демократската волја на граѓаните, а ако не предвремени паралментарни избори ќе има веднаш.

Заев вети дека ќе ја води Македонија напред и ќе биде членка на ЕУ и НАТО.

Според ова за премиерот е доволно ако од оние што излегле повекето гласале за.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1