Во Италија, стапи на сила ново ограничување за пушачи според кое може да добијат казна од 500 евра, ако запалат цигара во автомобил во кој се наоѓа бебе или бремена жена. Казна следува и ако фрлите пикавец на улица.
Според новите прописи забрането е пушење во приватни простории, канцеларии, ресторани и други јавни места.
Оваа мерка, Италија ја воведе во согласност со прописите на Европската унија со цел да ги спречат младите од пушење, а посебно на мета се продавниците кои продаваат на малолетници, пренесува Танјуг.