Заболена директорка испрати во изолација цела клиника – 193 лица во карантин


193 лица се сместени во домашна изолација заради корона вирусот. Ваквиот непосреден и голем број на изолации е резултат на четвртиот пациент заболен од оваа болест, а тоа е лично директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје. Меѓу изолираните се 103 лица кои присуствувале на конференцијата за дермато-венеролози каде што таа викендов држела предавање, 64 лица се медицински персонал од Клиниката, 11 се пациенти кои биле хоспитализирани, а 13 се други пациенти кои примале дневна терапија. Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Клиниката за кожни заболувања од денеска е затворена и најави разрешување на директорката.

Клиниката за кожни болести во Скопје ќе биде затворена, 64 вработени во оваа институција се испратени во домашна изолација и ќе бидат тестирани, а истата мерка ќе опфати и уште стотина лица- претежно лекари- кои учествувале на стручно предавање за време на викендот. Во изолација се и пациенти на клиниката, како и други лица кои се лекувале во амбулантата.

Тоа е краткорочниот епилог од откривањето на коронавирус кај директорката на Клиниката за кожни болести. Таа престојувала во Северна Италија- регион кој е најтешко погоден од вирусот Ковид-10 на европско тло- но по враќањето во земјава не се тестирала ниту доброволно ги пријавила симптомите, туку пет дена одела на работа. Нејзината состојба е добра, но дали заразила и други лица, ќе се знае во следните денови.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1