ЗАБОЛЕНИОТ БИТОЛЧАНЕЦ ОД КОРОНАВИРУС Е ГИНЕКОЛОГ ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА, СЕ СОМНЕВА ДЕКА СЕ ЗАРАЗИЛ ОД ПАЦИЕНТКА


Првиот регистриран битолчанец заболен од коронавирус Христијан Трпчевски, лекар специјалист по гинекологија и акушерство во приватна болница во Битола се огласи преку својот Фејсбук профил дека во последните 60 дена единствената релација на движење му била до болницата и дома. Од таму и сомнежот дека најверојатно болеста ја префатил од пациент.

Фото: Фејсбук

Тој реагира на лошите коментари на социјалните мрежи и цинизмот со исмејување за кои вели дека се шират побрзо и од коронавирусот. Како поука за секого, а и како пример што да се стори кога некој ќе се посомнева дека е заболен тој го образложи својот случај на фејсбук.

„Во последните 60 дена знам дека мојата релација на движење беше Болница ‘Плодност’-дома и обратно (едната од другата раздалечени најмногу 300 метри) и никаде на друго место. Тоа значи дека вирусот е добиен од некоја пациентка која била на преглед и покрај почитувањето на сите епидемиолошки мерки во нашата болница (дезинфекција на раце, носење маски и визири и да не зборувам за нон-стоп бришењето на подовите и другите површини со дезинфекциони средства). Патем да споменам дека последните 3 недели значајно ги редуциравме прегледите интервенциите и операциите (освен итните), но не и раѓањата“, пишува Трпчевски.

Во еден ваков амбиент, додава докторот, некој асимптоматски носител може да го пренесол вирусот и не постои начин како да се одбраните. А кога ќе го добиете наместо да се браните од вирусот кога ви е најтешко, вие се браните од коментарите. Откако се посомневал дека е заразен направил текст, но првиот излегол негативен. Позитивен се покажал дури вториот тест.

„Пред шест дена во неделата почувствував малаксалост и мал напад на треска кој траеше 30 минуити. Имав температура 38 степени. Ја купирав со Парацетамол. Наредниот ден утрото инсистирав да ми се направи тест за присуство на корнона вирус. Тестот беше направен и беше негативен. Наредниот ден трет по ред, повторно добив температура 38.5 со трески малаксалост и болки во мускулите, истите поминаа со парацетмол и траеја еден час. Ден четврти бев во одлична здравствена состојба без трески и температура но останав во домашен карантин. Петтиот ден добив температура 37.5 без трески без кашлица, со чувство на слабост на организмот (типична грипозна состојба). Тоа траеше само половина час. Чувството дека мора да исклучам евентуално постоење на корона вирус ме натера да одам во Филип Втори каде ми е земен брис од нос и грло кога се покажа дека сум корона позитивен. На шестиот ден немав никакви симптоми и тегоби“, напиша докторот.

Тој апелира: „Бидете упорни, тестирајте се, за да исклучите негово постоење. Само така ќе спасите многу животи. Јас се тестирав и покрај тоа што ми е лекарска обврска да спасувам животи, спасив многу животи на поинаков начин“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1