Доколку планиравте овој продолжен викенд да заминете за Грција, подобро е тоа да го одложите за некоја друга пригода. Грчките цариници ги спуштија рампите на трите гранични премини со Македонија.
Во текот на следните два дена граничните премини од грчка страна „Ники“ („Меџитлија“) и „Дојрани“ („Стар Дојрани“) ќе бидат затворени за патнички и товарни моторни возила поради штрајк на грчките цариници.
На граничниот премин „Евзони“ („Богородица“), пак, сообраќајот при влез и излез од Грција ќе се одвива со прекини, односно на секои два часа прекин ќе се пропуштаат возила во времетраење од 15-ина минути.
Македонското МВР добило известување од грчките погранични служби дека преминувањето на границата пеш ќе биде дозволено за сите патници.