Заборавете на продолжен викенд во Грција- границата ќе се поминува само пеш и со прекини


Доколку планиравте овој продолжен викенд да заминете за Грција, подобро е тоа да го одложите за некоја друга пригода. Грчките цариници ги спуштија рампите на трите гранични премини со Македонија.granica guzva bogorodica

Во текот на следните два дена граничните премини од грчка страна „Ники“ („Меџитлија“) и „Дојрани“ („Стар Дојрани“) ќе бидат затворени за патнички и товарни моторни возила поради штрајк на грчките цариници.

На граничниот премин „Евзони“ („Богородица“), пак, сообраќајот при влез и излез од Грција ќе се одвива со прекини, односно на секои два часа прекин ќе се пропуштаат возила во времетраење од 15-ина минути.

Македонското МВР добило известување од грчките погранични служби дека преминувањето на границата пеш ќе биде дозволено за сите патници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1