Американска виолинистка заборавила во воз во западна Германија виолина на Страдивариус од 1727 година, вредна 2,6 милиони долари, но таа ѝ била вратена минута пред поаѓањето на возот од станицата, соопштила полицијата.
Виолините на Страдиваиус се сметаат за најквалитетни инструменти кои вредат и по неколку милиони долари.
Жената го заборавила инструментот во возот додека патувала од Манхајм во Зарбрукен.
Веднаш откако сфатила што направила, ѝ се обратила на полицијата. Минута пред поаѓањето на возот назад за Манхајм, полицијата ја пронашла виолината во последниот вагон и ѝ ја вратила на жената.
Откако се уверила дека инструментот не е оштетен, жената почувстувала „нешто многу повеќе од олеснување“, наведува полицијата.