Заборавила во воз виолина вредна 2,6 милиони долари


Американска виолинистка заборавила во воз во западна Германија виолина на Страдивариус од 1727 година, вредна 2,6 милиони долари, но таа ѝ била вратена минута пред поаѓањето на возот од станицата, соопштила полицијата.

555324_violina_f

Виолините на Страдиваиус се сметаат за најквалитетни инструменти кои вредат и по неколку милиони долари.

Жената го заборавила инструментот во возот додека патувала од Манхајм во Зарбрукен.

Веднаш откако сфатила што направила, ѝ се обратила на полицијата. Минута пред поаѓањето на возот назад за Манхајм, полицијата ја пронашла виолината во последниот вагон и ѝ ја вратила на жената.

Откако се уверила дека инструментот не е оштетен, жената почувстувала „нешто многу повеќе од олеснување“, наведува полицијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1