Од 18 часот вчера е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Стража каде што има задржување на снег на коловозот.
Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Неготино-Демир Капија е намалена на 50 до 100 метри.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Кај Маврово, Гостивар и З.П.Кула има врнежи од снег кој не претставува проблем за одвивање на сообраќајот. Слаб снег провејува во Крушево, Буково, Попова Шапка, Тетово, Крива Паланка, Плетвар, Пресека и Павлешенци. Поради ниски температури во утринските часови, можна е појава на голомразица на повисоките планински и осојничави места.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.