Забрана за капење во Охрид – од Самоиловата тврдина кон Партизан


Среде летна сезона осамна знак за забрането капење во езерото. Туристите не смеат да пливаат кај плажите кои се протегаат од Самоиловата тврдина кон камповите Партизан и Младост поради отпадните води од колекторскиот систем.

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески ја потврди оваа информација, посочувајќи дека општината ја вовела забраната по налог на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Вели дека се подготвува формирање на комисија со која ќе се работи на решение за целокупниот колекторски систем, но не прецизираше како.

Од охридскиот Центар за јавно здравје потврдија дека анализите на примероците од вода токму од тој регион покажале дека водата е загадена. Останатите плажи се безбедни за капење.

Квалитетот на водата во езерото беше посочена како една од „црните“ точки на последната сесија на УНЕСКО во Баку, веднаш по проблемот со урбаниот хаос.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1