Македонските производи на „Пекабеско“ имаат зголемено количество фосфати поради што се прогласуваат за здравствено неисправни,се наведува во соопштение Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска испратено до медиумите.
Истражувањата биле направени во јавната здравствена установа Институт за јавно здравје.
Оттаму објаснуваат што се подразбира под адитиви: „супстанци кои обично не се консумираат, ниту се типична состојка во намирниците, а се додаваат намерно за да се подобрат технолошките и сензорските својства на производите“.
„Недозволено голема количина на адитиви, особено на фосфат и натриум нитрат имаат докажано канцерогено својство“, се вели во соопштението.
Министерството најавува дека ќе издаде наредба со која се забранува промет на производите од месо на „Пекабеско“ од Македонија на територијата на Република Српска.