Задар во шок – 5 мажи силувале 17 годишно девојче на плажа


Цел Задар во неделата беше во шок откако петмина монструми силуваа 17 годишно девојче на плажата Коловар. Сите петмина беа приведени и истражниот судија и одреди притвор во траење од 30 дена.

Притворот им е одреден поради можноста на повторување на казненото дело, и поради можноста да се влијае на сведокот.

siluvanje1Девојката со нејзината мајка пристигнала во Полициската станица во Задар, во неделата, и ја пријавила тортурата низ која минала ноќта.

Девојчето со момците, од кои тројце беа полнолетни, а двајца малолетни, ја минала ноќта во еден локал, а од неофицијални извори едно од момчињата успеало да ја намами да излезат надвор. Во шумата на плажата ја присилил на секс, а набргу потоа му се приклучиле и останатите четворица.

Сите петмина при криминалистичката испрашување во полицијата се бранеле на начин на кој што се обвинувале еден со друг. Казнените пријави беа подигнати против сите петмина, и се препратени во истражниот центар во основниот суд во Задар. Судијата наредил затворање додека трае истрагата.

ЗаСе.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1