Книгата Afterlife е напишана со помош на медиум кој комуницирал со другата страна и дава еден интересен приказ за тоа што се случува после смртта. Во прилог следат неколку размислувања и извадоци од истата.
- Генерално еднаш кога душата ќе помине на другата страна, се среќава со оние кои веќе се починати, прави рекапитулација на својот живот и тогаш оди во својот спиритуален дом. Спиритуалниот дом е местото каде што душевната енергија се среќава со енергиите од исто ниво со нејзиното.
- Овој дом се менува бидејќи на секоја душа и е дадена можноста да еволуира во понатамошна фаза и ново ниво. Духот никогаш не е осамен бидејќи се среќава со оние кои веќе се починати, но понекогаш тие не се дел до неговото спиритуално ниво, бидејќи побрзо или побавно еволуирале.
- По некое време духот целосно се одделува од физичката врска која што ја има на земјата. Сепак, врската со саканите останува, па духот во секое време може да воспостави телепатска врска со нив без разлика на локацијата. Кога се случува тоа, духот зазема човечка форма затоа што луѓето сè уште го паметат како таков иако во суштина е во енергетска форма.
- Кога е на другата страна, духот го губи своето чувство за индивидуалност, но не во негативна смисла на зборот, туку на ниво на енергија. Сите нешта кои му се допаѓале на човекот на земјата, сега се разгледуваат од поинаква перспектива на енергијата од која што се создадени. Љубовта која што се чувствува во човечка форма е различна од спиритуалната љубов која владее на другата страна.
- Во исто спиритуално ниво има многу души кои се сродни души, но не во машко-женска смисла, бидејќи на другата страна нема полови, туку сродни души по енергија кои биле поврзани во некој претходен живот.
- Духот може да комуницира со луѓето на повеќе начини, преку објект како и преку иста мисла. Душите кои целосно не преминале на другата страна комуницираат на поголемо телесно ниво, од оние кои се преминати. Духот понекогаш може да предизвика промена во електронското поле, треперење на светилки, како и пречки во електромагнетното поле. Во ретки случаи може да се појават и определени мириси.
- Духот постојано не го набљудува животот на луѓето кои ги оставил зад себе, туку телепатски се поврзува кога се случуваат големи настани, кога луѓето слават или пак кога чувствуваат голема тага. Можат телепатски да се поврзат со повеќе личности во исто време и да знаат што точно се случува во нивниот живот.
- Понекогаш врската помеѓу духот и луѓето кои останале на земјата не дозволува ниту еден од нив да продолжи понатаму. Човекот чувствува огромна болка која не може да ја надмине, додека духот на починатиот останува врзан со него и тоа го оневозможува да оди во понатамошна фаза.
- Секој дух учи од сопствените искуства и животи затоа што тоа се лекции кои мора да ги помине сам. Доколку реши да еволуира, оди во наредна фаза и со тоа може да биде реинкарниран во човек. Луѓето кои во својот живот правеле лоши нешта, не одат во пеколот, но нивните енергии се распоредени на далеку пониски нивоа од другите и немаат можност за еволуција.
- Духот не се движи од едно, на друго место, туку има една позиција. Телепатски набљудува неколку различни места во исто време.
- Кога духот преминува на другата страна постепено започнува да се оддалечува од тродимензионалните задоволства. На почетокот може да посака сè што некогаш имал на земјата, но со текот на времето сфаќа дека тие се сосема непотребни.
- Секое живо суштество и секоја мисла се манифестација на Креаторот. Кога духот станува свесен дека е поврзан со сите и со сè, станува свесен и за тоа дека тој и Креаторот се едно. На овој начин се одвива спиритуалната еволуција.
- Духот нема име нити пол откако ќе премине на другата страна. Секоја индивидуа е и маж и жена во текот на својата еволуција од дух во човек и обратно.
- Она што луѓето го нарекуваат Бог во суштина е енергија, која што е присутна насекаде и секогаш.
Извор: Иди Види