Презадолжен Италијанец ја минирал својата селска куќа за да наплати пари од осигурувањето , но по грешка уби тројца пожарникари , кои дошле на помош .
Обвинителот Енрико Цери изјави дека Џовани Винсенти им кажал на истражителите дека тој имал намера да ја уништи својата фарма во Пиемонте, северозападна Италија, со минирање на боци за гас, но наводно погрешил со тајмерот ,предизвикувајќи две експлозии.
Кога, по првата експлозија, во вторникот наутро, пожарникарите стигнале до куќата на фармите, се случила втора, помоќна експлозија.
Винсенти вчера беше приведен во притвор .Обвинетиот изјави дека тој немал намера да ги убие пожарникарите.
Инспекторите пронајдоа прирачник за тајмер во домот со кој Винсенти се плеткал и погрешно го наместил.
Телевизијата Скај ТГ24 објави дека селската куќа била реновирана и била неуспешно понудена на продажба пред две години.
На погребот на тројцата пожарникари вчера присуствуваше и италијанскиот премиер Џузепе Конте и други јавни лица.