Министерството за здравство информира дека самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот. Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува.
Ова се предвидува со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести што Собранието вчера вечер ги усвои.
За прекршителите на овој член од Законот предвидена е казна од 50 евра.