Задолжителниот државен карантин ќе може да се замени со негативен PCR тест и самоизолација


Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес – конференција изјави дека Владата донела одлука од утре да не важи полицискиот час.

Ден подоцна ќе работат угостителските објекти, со утврден протокол

Од 1 јуни ќе престане да важи одлуката за одредени категории граѓани да се ослободуваат од работа.

Државниот карантин ќе се замени со домашна изолација за македонските државјани кои ќе допатуваат од странство.

За влез во државатасо специјални и хуманитарни летови и други превози се укинува задолжителниот државен карантини се заменува со домашна изолација и тест направен последните 72 часа. На предлог на МНР подготвен е протокол за странски дипломати и членови на нивните семејства кои, со потврда за негативен тест во последните 72 часа, можат непречено да ја извршуваат својата работа. Комисијата е задолжена да направи јасна и прецизна проценка за целосно отворање на државните граници за влез и излез од државата. Многу бргу, рече Спасовски, патувањето во регионот ќе биде регулирано за граѓаните во сите земји во регионот, што се договара координирано.

Комисијата за заразни болести треба да направи проценка за отворањето на државните граници.

„Ова го правиме во координација со државите од регионот“, вели Спасовски.

Комисијата ќе треба да подготви протокол за работата на хотелите.

„Состојбата со коронавирусот е под контрола, а бројот на активни е стабилен“, рече премиерот.

Додаде дека им е познато од каде деновиве имаме зголемување, и рече дека кластерите се познати.

Вели дека вирусот останува тука, тој не е победен, но ако бидеме дисциплинирани ќе се заштитиме, а и ќе им помогнеме на здравствените работници кои се борат со пандемијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1