Заедно и во смрт: Тој господин до крај, чекал дамата да замине прва (Фото)


Фотографијата на Флорин и Ед Хејл го обиколи светот. Тие биле во брак цели 60 години, а летово со голема прослава го одбележале овој јубилеј.

article-2564088-1BAEEAFC00000578-478_634x876Се венчале во 1953 година, а оттогаш биле неразделни во текот на овие шест децении, па така останало и на смртната постела.

На 7 февруари, по краток престој во болница, 82-годишната Флорин починала држејќи се за раце со својот сопруг. Само неколку часа подоцна и 83-годишниот Ед и се придружил на саканата и го напуштил овој свет.

Тој беше господин до крај. Чекаше таа прво да замине, изјавила нивната ќерка

83 год Ед кој бил во инвалидска количка бил хоспитализиран во една болница поради проблеми со бубрезите. Неколку недели подоцна поради срцеви проблеми во сосема друга болница била сместена неговата сопруга. Тие инсистирале да бидат заедно и болниците се сложиле.

Пред 60 години кога одел да ја бара нејзината рака, родителите не сакале да ја дадат. Бидејќи таа се опоравувала од страшна несреќа во која го загубила и својот прв сопруг со кого се венчала само 3 месеци претходно.

article-2564088-1BAEEB0800000578-752_634x468Но Ед не прифаќал не за одговор – им рекол дека дури и да не се опорави тој е подготвен ако треба секој ден да ја носи на раце.

Се венчале и имале 2 деца. Сопругот никогаш не заборавил да биде вистински господин за својата дама. И носел вечера кога дежурала на работа а секогаш кога се враќал од продавница имал купенои цвеќе и чоколадца за својата жена.

Кога на шега ја прашале жената што би правела ти без него, доколку почине пред тебе, таа одговорила – тоа нема да се случи, тој е господин кој секогаш ќе дозволи дамата да биде прва. И така и било.

article-0-1BAEEAF400000578-328_634x435Откако Ед е префрлен крај нејзината постела тие се фатиле за рака и само по кусо време откако пристигнал жената починала, неколку часа подоцна починал и тој.

Погребот им бил заеднички – на 14 февруари – денот на вљубените

Оваа трогателна фотографија го обиколи светот, трогна милиони срца и покажа што значи вистинска и искрена љубов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1