Семејството Расел, 43-годишната мајка Тери Лин и нејзините три ќерки, живеат во оваа бајка, односно имаат долги коси кои никогаш во животот не ги шишале.
Познати се како Златокосите од Илиноис. Мајката Тери има коса долга 186cm, најстарата ќерка Келан има коса долга 94cm, средната ќерка Кендалин има 92cm долга коса и Чесни, најмалата има 67cm долга коса.
Од златокоса се разликуваат само во бојата, бидејќи сите четири се бринети.
„Никогаш не ја шишам мојата коса, затоа што знам дека му се допаѓа на мојот сопруг. Таква ми беше кога првпат се запознавме“ – вели Тери.
Тара Лин и нејзините ќерки никогаш не биле на фризер и никогаш не ги шишале нивните долги коси.
„Девојчињата ја мијат нивната коса во када, а јас тоа не можам да го правам. Еднаш се обидов да ја мијам во када, но косата ми стана многу тешка од водата што ме повлече на под“, изјавила Тара Лин, пренесува Дејли мејл.