Заев: Ќе внимаваме како ѝ одговараме на Софија за Делчев и јазикот


Заев вели деќа ќе биде внимателен во коментарите со цел да се дојде до решение кое ќе носи придобивки и за двете страни

Гаранцијата на идентитетските прашања е потврдена со договорот за добрососедство со Бугарија, вели премиерот Заев како одговор на последните провокации од Софија со кои се проблематизира и македонскиот јазик, спротивно на добрососедскиот договор.

Заев вели деќа ќе биде внимателен во коментарите со цел да се дојде до решение кое ќе носи придобивки и за двете страни

Добрососедските односи не ги измислува Бугарија и тие се основен услов и критериум за членство во Европската унија, а Македонија мора да го почитува и да го спроведува изјави шефицата на бугарската димломатија Захариева во најновото ТВ интервју, во кое таа го обвини скопје за отсуството на напредок околу отворените паршања во кое освен Гоце Делчев го смести и македонскиот јазик.

Повторното проблематизирање на македонскиот јазик од страна на Бугарија се совпаѓа со неодамна испратениот меморанум до земјите членки на ЕУ, во кој македонскиот јазик е наречен дијалект на бугарскиот, и вчерашното изгласување на предлог законот инициран од партијата на Каракачанов и поддржан од РЕГБ на Борисов, со кој Софија 24 мај ќе го слави не како ден на сесловенската туку како ден на бугарската писменост а кирилицата ја потврди како бугарска азбука.

Околу очекуваното одржување во декември на првата меѓувладина конференција за почеток на преговори меѓу Македонија и Унијата, Захариева рече дека преговарачката рамка е се уште во процес на дискутирање во европските работни групи и најави посета на македонскиот министер за надворешни на Софија.

Посетата на Бујар Османи следната недела ќе биде претходница на посетата на Заев кон крајот на октомври или почетокот на ноември, потврди премиерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1