Заев: 10 дена ќе се обидуваме да обезбедиме двотретинско мнозинство, ако одиме на избори на 25 ноември


Еве што вчера одговори ЗАев за можните предвремени избори.

Ме знаете, повеќе од сите веројатно, ќе направам се’. Ќе побарам и средба со господинот Мицкоски и со раководство ако треба на политичките партии, со пратениците да поразговораме во едни вакви околности. Зошто немаше директен одговор од господинот Мицкоски за предвремени избори, тоа само од себе потврдува, не треба да си играме играчки и треба сериозно да ги засукаме ракавите и да ја следиме јасно и недвосмислената волја на граѓаните. Парламентот е на ред, Парламентот треба да носи одлука. Знаејќи дека Уставот предвидува не повеќе од 60 дена од распуштање на Парламентот, дава можност и за 45 дена за предвремени избори, крајот на ноември е примамлив датум. Секако тоа ќе биде консултирано со правниците и стручните лица за да можеме оние 100ина дена да ги искористиме а преку тоа да дадеме соодветно доволно време и на грчкиот парламент да ја донесе одлуката доволно далеку од парламентарните избори на Европскиот Парламент. Така што време има доволно, ако одлучиме да одиме на избори, уште еднаш напоменувам, избори би требало да има само ако тоа е неопходно, реков, Парламентот е на ред и треба да донесе одлука. Неколку денови ќе се обидеме, еве 10ина дена ако се обидеме, 25 ноември е недела ден и го фаќаме рокот од 45 дена. Но, златно време е за Македонија доаѓа, сите трендови се во пораст. Оваа позитивна одлука која што Парламентот ќе ја носи, паралелно ќе ги искористиме месеците пред нас. Го знаете мојот став, Македонија конечно треба да оди на редовни избори, но ако нема двотретинско мнозинство, впрочем што би можеле друго да направиме. Никој не нуди друга алтернатива, да понудеше некој, ќе седневме ќе разговаравме, за друг договор, за подобар договор, но сите знаат дека нема. Нема некоја друга алтернатива, план Б, план Ц, но нема! Едноставно зборуваме со силата на аргументите и фактите и ќе се обидеме за она што е логично и нормално и апелирам дека пресериозен период е пред сите нас, кога се носат сериозни одлуки, сите сме исправени пред ваквите одлуки кои секако имаат последици. Како и да ги донесеме одлуките тие секако ќе предизвикаат последици. Единствено исправени пред последици по нас ќе бидат ако тргнеме настрана СДСМ , ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, ТДП, ТХП, сите партии да не ги набројувам, и ја ставиме пред нас Македонија и граѓаните. Ова е време за одлука за граѓаните и за Македонија. Верувам, дека ќе изнедриме сила сите ние да го продолжиме овој пат. Граѓаните ни дадоа чисто кристална јасна порака, на референдум се одлучува од оние што сакаат да одлучуваат. Можеби граѓаните не се подготвени да донесат одлука, бирале институции, можеби граѓаните ги немаат доволно одговорите, или не ги интересираат одговорите и сакаат да предочат пред институциите, нема бегање од одлуката. Одлуката ќе ја носиме, вака или после еден чекор па пак ќе ја носиме. Така што јасен е чекорот. Јас сум, гледате и сами, релаксиран и среќен, мојот народ, сите наши граѓани, денеска имаа убаво демократско право да се изјаснат, тоа е врвот и убавината на демократијата. Ви благодарам

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1