Премиерот Зоран Заев денеска на владина прес-конференција на која ги повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села, на Лидерска во петок, зборуваше и за ветингот.
– Знам дека е потребен ветинг , но не смее да се избрзува. Тоа мора да се обмисли, бидејќи ако го спроведеме набрзина, Македонија може да остане само со тристотини судии наместо со препорачаните седумстотини, рече Заев.