Заев: Ако прислушувани снимки се најдени барам да се истражи како дошле до ова лице


Во Македонија во жар е борбата за слобода и демократија. Слободата и демократијата имаат висока цена. Невидената паника и нервоза што ја покажуваат Никола Груевски и неговите соработници покажува дека овие луѓе станаа свесни за нивниот безизлез, рече денеска Зоран Заев, претседaтел на СДСМ.zoran-zaev1-540x360

„Се што прави Груевски преку пропагандата е обид да најде спас од работата на Специјалното обвинителство, Анкетната комисија, истрагите што се водат против нив, Договорот од Пржино. Сега повторно преку пропагандата Груевски режира филмови. Погледнете го апсурдот, сега велат дека ние фалсификуваме лични карти, за самите за себе да си отвориме истрага и самите себеси да се прогласиме за виновни., изјави Заев

Денеска медиумите на Груевски објавуваат дека материјали од прислушувањето се запленети кај осомичено лице.

Ако е ова точно, денеска од ова место барам истражните органи да разјаснат како вакви материјали се нашле кај ова лице.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1